Дома Македонски спорт Мак ракомет И Е.Пелистер ја затвори годината со сигурна победа

И Е.Пелистер ја затвори годината со сигурна победа

Еурофарм Пелистер го следеше чекорот на Вардар и со победа ја затвори 2021 година.

Избраниците на Жељко Бабиќ немаа проблеми на гости кај фенерџијата Радовиш и славеа со 25:34. Разликата во квалитетот беше забележителна уште од почетокот, брзо го преземаа водството и не го испуштија до крајот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Радовиш немаше решение за фаворитот на овој меч, па предноста на битолскиот тим само растеше. На полувреме се замина со 12:19.

Во второто полувреме Радовиш се доближи на најмалку пет гола за повеќе немаа сили. Е.Пелистер ја врати поголемата предност и за првпат во еден момент водеа со двоцифрен број разлика (29:19).

До крајот беше прашање само со кој резултат ќе заврши средбата, а на крајот тој гласеше 25:34. Ненад Костески беше најефикасен со девет гола.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…