Како што е познато Златан Ибрахимовиќ заврши со своите настапи за репрезентацијата на Шведска, но со изјавата неодамна Ибра најави дека можеби ќе се врати за Мундијалот во Русија.
Сепак, денес се појавуваат информации дека и во случај новиот напаѓач Л.А Галакси да одлучи да се врати и добие повик ФИФА би можела да го спречи неговиот настап.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Причината за можниот ваков потег на Светската фудбалска федерација е договорот кој Ибра го има склучено со една букмејкерска компанија. ФИФА според своите правила има забрана за учество на фудбалери кои се поврзани со било каква компанија за обложување.
Ибра зад себе има блескава кариера, а крај на репрезентацината кариера стави по завршувањето на Европското првенство во 2016 година.
Познавајќи каков фудбалер е Ибра веројатно набрзо и самиот ќе се огласи по повод евентуалната забрана од ФИФА.