Репрезентацијата на Македонија до 21 година за четири дена на 3-ти септември ќе игра против актуелниот младински европски шампион, Шпанија.
Македонија во првиот натпревар на гости во Шпанија изгуби со 3:0, а сега македонските надежи веруваат во изненадување во Скопје. Ердон Даци како и Никола Серафимов најавува добар натпревар. (изјавата на Серафимов тука).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Не е невозможно да изненадиме. Сакаме да покажеме дека вредиме, знаеме и можеме нешто да направиме, па и да ја победиме Шпанија. Во фудбалот нема ништо невозможно, па и тоа да ја победиме Шпанија. Нè очекува добар меч, знаеме сите Шпанија каков квалитет е, имаат извонредни играчи, но и ние имаме добри играчи и ние се бориме за нешто, па верувам дека ќе биде добар и интересен меч. Спремни сме и јас верувам дека ќе направиме нешто добро“, изјави Даци.