Блакотехна во рамки на 15. коло во првата македонска лига славеше над актуелниот шампион, МЗТ Скопје со 96:88.
Првата четвртина ја доби МЗТ, но Блакотехна се врати, па на полувреме замина со предност од 43:41.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во второто полувреме, МЗТ дојде до позитива од 7 поени, но сепак во финишот на третиот дел по серија поени, домашниот состав дојде до израмнувачки 65:65.
До крајот Блакотехна се наметна, па успеа на крајот и по вторпат да слави над МЗТ Скопје оваа сезона.
Кај домашниот состав најефикасен беше Двејн со постигнати 22 поени, додека во спротивниот табор се издвои Крафорд со постигнати 27 поени.