Во натпреварот помеѓу Челзи и Ајакс се случи една бизарна ситуација кога клубот од Амстердам во ист напад остана без двајца фудбалери поради црвени картони, а исто така беше досуден и пенал за Челзи.
Прво Блинд стартуваше над еден фудбалер на Челзи, но Роки дозволи предност, во продолжение од акцијата во шеснаесетиник Велтман играше со рака и досуден беше пенал. Роки потоа на Блинд му покажа втор жолт за стартот, додека Велтман исто така доби втор жолт картон поради играта со рака.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијан Пулишиќ во таа ситуација не сфатил дека судијата исклучил двајца фудбалери на Ајакс.
„Пеналот направи натпреварот да биде луд и тоа нас ни даде самодоверба. Се што се случуваше беше лудо. Збунет бев и не сфатив дека исклучени им беа двајца играчи. Немав видено нешто такво претходно“, изјави Пулишиќ.