Дома Фудбал Итен состанок во Англија: Се прекинува Премиер лигата?

Итен состанок во Англија: Се прекинува Премиер лигата?

Властите во Велика Британија синоќа објавија дека спортот нема да биде прикинат на тоа подрачје поради пандемијата со коронавирусот.

И додека ширум Европа се откажуваат сите спортски манифестации, Ангичаните имаа за план викендот да се игра редовното коло, но се чини дека тоа ќе се промени.

Имено, откако синоќа беше објавено дека се заразени Артета и Хадсон-Одои, за утрово е најавен итен состанок.

Од Брајтон веќе порачаа дека нема да го одиграат натпреварот против Арсенал, а со оглед дека е има заразен и играч во ПЛ, сега скоро извесно е дека најсилната лига на светот ќе биде суспендирана на неколку недели.

Целиот хаос кој настана поради коронавирусот може многу лесно да доведе до тоа да биде одложено и Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…