Дома Фудбал Репрезентации Италија против Македонија ќе биде и без Бонучи?

Италија против Македонија ќе биде и без Бонучи?

Eвропскиот шампион Италија би можел да се соочи со нов проблем пред баражот против Македонија на 24. март во Палермо. Неизвесен за овој натпревар е и стоперот на Јувентус, Леонардо Бонучи.

Според последните информации од Апенините Бонучи не успеал да закрепне од повредата на мускулот на потколеницата и поради тоа нема да игра в среда за Јувентус во реваншот од осминафиналето против Виљареал. Освен тоа не извесно е дали ќе може да помогне и на репрезентацијата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Бонучи е стандарден во редовите на Јувентус заедно со Киелини кој пак се враќа за дуелот со шпанскиот тим. Од претходно е познато дека италијанскиот селектор нема да може да смета на Леонардо Спинацола кој е во аут уште од Еуро2020, како и на Федерико Киеза која нема да се враќа на терените до крајот на сезоната.

Надвор од терените Бонучи е од 26. февруари кога се повреди во натпреварот против Емполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Страшен момент: Син на легендарен фудбалер по фрактура на вратот остана неподвижен да лежи на теренот (Видео)

Страшен момент го обележа натпреварот во Италија кога голманот остана неподвижен да лежи п…