Џорџо Киуелини се врати на тренинзите на италијанската репрезентација и се очекува да биде во почетниот состав на „Аѕурите“ за натпреварот со Белгија на Европското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дефанзивецот на Јувентус заработи повреда на натпреварот против Швајцарија во групната фаза и ги пропушти следните два натпревари. Сега „Скај Италија“ најави дека Киелини е спремен да се врати.
Според информациите на италијанските медиуми Италија може да стартува со истиот состав како во дуелот со Австрија, единствената промена може да биде токму враќањето на Киелини.