Тимот на Милан вчера изгуби во полуфиналето од Купот на Италија, Лацио се избори за место во финалето во кое денес ќе го дознае својот противник.
Италијанските медиуми денес пишуваат дека Гатузо целосно потфрлил на тактички план. Гатузо се одлучи да игра во формација 3-4-3 и неговиот тим беше комплетно
надигран и само поради Пепе Реина кој забележи неколку одлични одбрани Милан не беше поразен поубедливо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покрај елиминацијата од купот Милан нема некој напредок и во Серија А каде што во овој момент е пласиран на четвртото место кое на „росонерите“ би им обезбедило место во Лигата на шампионите наредната сезона. Меѓутоа е четврти само поради тоа што Лацио и Рома играат полоша сезона од минатата. Милан сега има само два бода повеќе од ланската сезона во истиот период.
Низ медиумите во Италија на големо се пишува дека Гатузо после вчерашниот пораз дури и да обезбеди место во ЛШ ќе биде сменет.
Како прв фаворит за клупата на „росонерите“ во овој момент се истакнува поранешниот стратег на Јувентус, Антонио Конте. Спореди информациите претседателот Скарони и директорот Газидис наскоро ќе одржат состанок и ќе отворат преговори со Конте.
Ако сепак не успеат да го договорат Конте кој се поврзува и Рома алтернативи се: Маурицио Сари, Џампиеро Гасперини и Руди Гарсија.