И покрај тоа што кон крајот на септември со отворено писмо демантираше дека сака да го купи Милан сопственикот на луксузниот моден бренд Луи Витон, Бернард Арнолд повторно се поврзува со „росонерите“.
Како што пишува „Кориере дело Спорт“ вториот најбогат човек во светот преговара со фондот Елиот кој во овој момент е сопственик на Милан. Богатството на Французинот се проценува на 93 милијарди евра и според информации за италијанскиот гигант понудил 975 милиони евра.
Corriere dello Sport: "Il Milan ad Arnault, il tam-tam aumenta" https://t.co/qMVTSOBEYh
— MilanNews.it (@MilanNewsit) November 16, 2019
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Италија се убедени дека и покрај демантот во тајност се спрема продажба на Милан кој никако не успева да излезе од долгогодишната криза. Пред почетокот на сезоната клубот беше исфрлен од Лигата на Европа поради кршење на финансискиот фер-плеј и во овој момент се наоѓа на 14-тата позиција во Серија А.
Претходно Италијанците пишуваа дека доколку Арнолд го купи Милан на клупата ќе го доведе Масимилијано Алегри кој го освои последното Скудето на овој тим во 2011 година.