Дома Фудбал Останато Италијанците тврдат: Реал Мадрид го контактирал потенцијалниот наследник на Лопетеги!

Италијанците тврдат: Реал Мадрид го контактирал потенцијалниот наследник на Лопетеги!

Јулиен Лопетеги би можел во Реал Мадрид да помине само три месеци.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради лошите резултати медиумите веќе пишуваат за негова смена, а доколку сака да остане тренер на „кралевите“ би морал да забележи добри резултати во следните натпревари против Леванте, Плзен и Барселона.

Италијанскиот „Кориере“ на насловната страна пренесува ексклузива дека Реал Мадрид во понеделникот го контактирал Антонио Конте кој во овој момент без ангажман.

Според информациите на споменатиот медиум одговорот на Конте бил позитивен и спремен е да го превземе Реал доколку Лопетеги добие „шут карта“.

Треба да се истакне дека Реал се поврзуваше со Конте уште кога Зидан си поднесе оставка, но Италијанецот тогаш беше на клупата на Челзи.

Конте е играчка легенда на Јувентус, а во тренерската кариера ги предводеше: Челзи, Италија, Јувентус, Сиена, Аталанта, Бари и Арезо.

konter

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…