Елиф Елмас во 2019 година дојде во Наполи во трансфер вреден 16 милиони евра плус бонуси, на Апенините има блесоци, но и слаби настапи.
Пред две недели Елмас блесна со два гола во четири дена, но во полседниот период неговите настапи не се на очекуваното ниво. Италијанските медиуми затоа се прашуваат дали Гатузо греши со задачите и позицијата која му ја одредува на Елмас.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Наполи Елмас дојде кога Анчелоти беше тренер, тогаш италијанскиот стратег инсистираше по секоја цена да му биде доведен Македонецот. Сега, Франческо Модуњо, еден од новинарите во Неапол зборуваше за таа ситуација.
„Кога Наполи официјално го купи Елмас, ние бевме со Карло. Реагираше навистина еуфорично и со голема самодоверба ни кажа: Верувајте ми, донесовме дијамант! Беше убеден дека Елмас многу вреди. Што се случува сега? Последните негови настапи се разочарувачки. Прашање е дали и каде греши Гатузо? Во што е проблемот“, запраша Модуњо.