Виктор Осимен и дефинитивно нема да биде спремен да игра за Наполи на утрешниот натпревар против Милан, а ова веројатно значи дека македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас ќе добие шанса од првата минута.
Наполи ќе биде ослабен и ќе мора во овој прв натпревар од четвртфиналето во најелитното европско натпреварување да биде без својот прв стрелец. Осимен го пропушти и натпреварот против Милан во Серија А кој Наполи го загуби со 4:0, а не настапи ниту против Лече за викендот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми најавуваат дека Спалети на местото на Осимен ќе игра Елмас кој би ја имал улогата на „лажна деветка“.
Елмас беше стартер и на гостувањето кај Лече, натпревар кој Наполи го доби со 1:2.