Дома Македонски спорт Италијанците воодушевени од Елмас: Наполи има вистински шампион!

Италијанците воодушевени од Елмас: Наполи има вистински шампион!

Вчера македонскиот бисер Елиф Елмас имаше магична вечер во која ја сруши Словенија со 2:1.

Елмас ги постигна двата гола за нашата селекција во важниот триумф и така ни остави простор да се надеваме дека ќе се пласираме на Европското првенство во 2020 година и преку квалификациите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одличниот настап на Елмас секако беше забележан и од Италијанците, од неговиот Наполи.

Наполитанците истакнаа големи пофалби за Елмас на социјалните мрежи.

„Наполи може слободно да каже дека го најде новиот шампион. Елмас вчера тоа го покажа. Јасно е дека тој е едно од најдобрите засилувања оваа сезона. Уште сега покажа дека има силен карактер и екстра квалитет во споредба на останатите фудбалери на негова возраст во Серија А. Очигледно е дека не се плаши во важните натпревари“, пишуваат наполитанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ѓоковиќ изненади со својата изјава до кога сака да игра

Новак Ѓоковиќ во последно време не игра во најдобра форма, но сепак српскиот тенисер не ра…