Дома Топ вести Италијанско дерби за потписот на Пулишиќ

Италијанско дерби за потписот на Пулишиќ

Италијанските гиганти Милан и Јувентус се силно заинтересирани за крилниот фудбалер на Челзи, Кристиан Пулишиќ, тврдат медиумите на Островот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


23-годишниот офанзивен фудбалер не е стартер во тимот на Тухел и не е задоволен од својата улога во тимот.

Поради тоа побарал состанок со тренерот и е спремен ова лето да ја промени средината, а Милан и Јувентус внимателно ја следат ситуацијата.

Неговиот договор со Челзи истекува во 2024 година, па „сините“ веруваат дека сега е идеален момент за продажба, а за неговата слобода бараат 40 милиони евра.

Италијанските клубови ќе се обидат преку преговори да ја намалат таа сума и се спремни да понудат 30 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…