Дома Топ вести Италијанските клубови одлични во Европа!

Италијанските клубови одлични во Европа!

Италијанските клубови имаат засега имаат одлична година во европските натпреварувања и по вчерашната плеј-оф рунда во Лигата на Европа и Конференциската лига, не беше елиминиран ниту еден италијански клуб.

Наполи, Милан и Интер се борат за четвртфинале во Лигата на шампионите, Наполи е во најдобра позиција по победата против Ајнтрахт на гости со 0:2, Интер го победи Порто со 1:0, додека Милан со истиот резултат го совлада Тотенхем.

Клубовите кои играат во двете пониски натпреварувања, Јувентус, Фиорентина, Лацио и Рома вчера го обезбедија својаот пласман во следната фаза. Јувентус и Рома продолжуваат во осминафиналето од Лигата на Европа, додека Лацио и Фиорентина беа успешни во првата рунда од нокаут фазата во Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…