Дома Фудбал Италија Италијанската легенда ја шокираше јавноста: Пред една година ми беше откриен рак

Италијанската легенда ја шокираше јавноста: Пред една година ми беше откриен рак

vialli

Легендарниот италијански фудбалер, Џанлука Виали ја шокираше фудбалската јавност со откритието дека има рак и дека неговата борба трае веќе една година.

Поранешниот играч на Јувентус Челзи не се појавуваше многу во јавноста во последно време, а сега објасни зошто било така и дека една година има проблем со тешката болест.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На Виали пред една година му бил дијагностициран рак и бил во навистина тешка ситуација. Меѓутоа сега се чуствува многу подобро и се одлучи да зборува во јавноста на оваа тема.

„Сега сум добро, навистина добро се чуствувам. Минатата година кога ми открија дека имам рак, не беше лесно. Сега полека се опоравувам. Се чуствувам добро и се борам до крајот. Носев џемпери под маицата за некој да не забележи. На луѓето кои се соочуваат со оваа болест сакам да им бидам инспирација и се надевам дека има такви на кои барем малку ќе им помогнам“, изјави Виали.

https://www.youtube.com/watch?v=U-mfOqE8xJ0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Може ли Баер да го сруши рекордот на Селтик од 1916 година?

Баер Леверкузен и официјално изминатиот викенд ја потврди титулата во Бундеслигата со побе…