Фудбалот е спорт број 1 во Македонија. Ова го покажаа резултатите кои произлегуваат од научното истражување кое го спроведе Kantar Media, водечка меѓународна компанија специјализирана за истражување, податоци и увиди во име на Фудбалската федерација на Македонија, со поддршка на УЕФА.
Фудбалот е спорт број 1 во Македонија (58%)
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
– Најдобрата македонска репрезентација се пласираше на ЕУРО 2020 и еден од најголемите моменти во нашата фудбалска историја дава можност за зголемување на целокупниот интерес.
– Помладата популација од 18 – 24 години има најголем интерес за фудбал и веројатно е клучна во одржувањето и зголемувањето на интересот за фудбалот во Македонија преку развој на стратегии фокусирани на младите.
Според популарноста, второто место го држи ракометот, трета е кошарката, па тенисот и одбојката.
Истражувањата во целост може да ги погледнете ТУКА.