Дома Фудбал Светско првенство во фудбал ИСТОРИЈА: Мароко ќе игра полуфинале на Светско првенство!

ИСТОРИЈА: Мароко ќе игра полуфинале на Светско првенство!

Мароко ја елиминираше Португалија и испиша историја на – ќе игра полуфинале на Светското првенство!

Денес Мароко успеа да слави против Португалија со 1:0. Португалците денес скоро и да не направија ништо посериозно. Гонсало Рамош од една случајна акција ја погоди стативата само неколку минути по голот Ел Несири во 42. минута.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Роналдо во игра влезе во 51. минута кога го замени Рубен Невеш, сепак и тоа не беше доволно. Роналдо не беше опасен како и останатите Португалци. Мароко во 93. минута остана и со играч помалку кога исклучување заработи Чедира, но и така обезбеди историско полуфинале.

Треба да се знае дека Мароко е првата земја од Африка која ќе игра полуфинале на еден Мундијал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Италијаните ја покажаа својата класа – не сакаат да играат на СП наместо Иран!

Спортски и владини претставници во Италија остро го одбија предлогот на американскиот прат…