Дома Останати Кошарка Историја во НБА: Вестбрук направи нешто што се немаше случено 55 години!

Историја во НБА: Вестбрук направи нешто што се немаше случено 55 години!

Расел Вестбрук синоќа успеа да го израмни рекорд во НБА лигата кој се сметаше за недопирлив. Тој го забележа 41-от трипл-дабл во сезоната и го израмни рекордот на легендарниот Оскар Робертсон од сезоната 1961/1962.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оклахома го победи Милвоки, убедливо 110:79, а победата на Тандер мина во знакот на Расел Вестбрук, кој за 22 минути успеа да забележи трипл-дабл (12 поени, 13 скокови и 13 асистенции).

Рас го израмни рекордот од 41 трипл-дабл учинок во една сезона на Оскар Робертсон и во исто време се израмни на вечната листа со уште една легенда, Вилт чембрлен. Овие двајца со 78 трипл-даблови во кариерите го делат четвртото место на вечната листа, каде неприкосновен лидер е токму Оскар Робертсон (181).

Вестбрук до крајот на сезоната има можност да стане апсолутен рекордер, а исто така ќе се обиде да го собори рекордот на Вилт Чембрлен кој во сезоната 1967/1968 забележал трипл-дабл на девет последовни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро…