Дома Македонски спорт Мак ракомет Историјата е испишана: Вардар стигна до хет-трик титули во СЕХА!

Историјата е испишана: Вардар стигна до хет-трик титули во СЕХА!

Вардар вечерва испиша историја!

Црвено-црните во финалето на СЕХА лигата го победија Загреб со 23:26 и така ја освоија третата титула во низа во ова натпреварување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар овој пат против Загреб не доминираше како првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Загреб во поголем дел од натпреварот беше достоен противник.

Во 11-тата минута Загреб имаше и предност од 7:4, но Вардар предводен од одличниот Милосављев на голот успеа да се врати и да го сврти резултатот во своја корист.

Рожерио Мораес заработи црвен картон, но тоа не го спречи Вардар да стигне до победата.

За жал негативна работа за Вардар од ова финале е тешката повреда на Кристијан Дисингер за кого многу веројатно дека сезоната е завршена.

Загреб имаше налет и во вториот дел кога Хрватите изедначија на 14:14, но тогаш останаа без Давид Мандиќ кој го заработи третото исклучување и тоа можеби беше еден од клучните моменти.

На десетина минути пред крајот Вардар се одлепи на +4 (22:18). Во финишот одново одличен беше Милосвањев кој одбрани неколку удари и обезбеди нова титула за Вардар.

Најефикасен за Вардар во денешниот натпревар беше Криштопанс кој постигна седум гола во денешното финале.

Во идеалниот тим на фајнл-фор турнирот од Вардар место добија Дибиров, Криштопанс, Милосављев и Стоилов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…