Дома Фудбал Останато Историски ден за фудбалот: Во ФИФА денес се разговара за – 50 нови правила!

Историски ден за фудбалот: Во ФИФА денес се разговара за – 50 нови правила!

Пред фудбалот е историски ден!

ФИФА и интернационалниот борд директори денес ќе се сретнат со цел да разгледуваат измена на правилата на оваа игра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дури 50 нови предлози се наоѓаат на дневен ред, а за некои се зборуваше и во изминатите месеци, а сега ќе ви ги претставиме на најинтересените.

НЕМА ПРОДОЛЖУВАЊЕ ПОСЛЕ ПЕНАЛ

За ова многу се зборуваше во изминатите недели. Ќе се укине правилото да продолжи играта после најстрогата казна. Причината е јасна, никој повеќе не го почитува правилот да не смее да втрча во шеснаесетниткот, па во иднина пеналите ќе се изведуваат како и после продолженијата – без продолжување на играта.

УШТЕ ПРАВИЛА ЗА ПЕНАЛИТЕ

Во случај на намерно враќање на топката на голманот со нога, чуварот на мрежата го губи статусот на „спенцијална позиција“ и се смета како играч во поле. Тоа значи дека ако игра со рака ќе биде досуден пенал.

ШТО Е РАКА?

Во овој момент изгледа никој не знае точно, се може да се смета како (не) природна позиција. Затоа бордот сака да постави јасни граници? Ако е раката над рамото
тоа е недозволена игра и ќе мора да се санкционира. Исто така ниту еден гол постигнат со рака без разлика дали е случајно или намерно во иднина нема да биде признат.

KРАДЕЊЕ НА ВРЕМЕ

Ништо не ги излудува навивачите како играчите кои се трудат на сите начини да украдат некоја секунда пред крајот на последниот судиски свиреж.

Кога играчот ќе биде замене, тој повеќе нема да може да се движи бавно при напуштањето на теренот, туку ќе го напушти теренот од местото каде што стои, за играта веднаш да биде продолжена.

Голманот ќе може да ја додаде топката на соиграчот и во шеснаесетникот. До сега во татквите случаи слободниот удар се повторуваше, па тука се губеше време.

ОСТАНАТО

Новите правила би требало да спречат и неспортско однесување на теренот

Во иднина само играчите на тимот кои се брани смеат да стојат во живиот ѕид, значи нема повеќе противнички играчи. Со тоа ќе се спречи гужвата која настанува.

И на тренерите од сега ќе им се покажуваат жолти и црвени картони како и на фудбалерите, па и тие ќе можат да бидат суспендирани доколку соберат повеќе јавни опомени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…