Дома Фудбал Италија Историскиот гол на Милан е нерегуларен!? 📸

Историскиот гол на Милан е нерегуларен!? 📸

Рафаел Леао е во топ тема на Апенините поради начинот на кој го постигна голот против Сасуоло.

Леао успеа да се запише во листата на стрелци после само шест секунди  и тоа е најбрзиот гол постигнат во историјата во топ 5 првенства.

По тој гол се огласи поранешниот италијански судија Лука Марели кој тврди дека овој гол на Милан е нерегуларен.

„При првиот гол на Милан, Леао е на другата половина уште пред да се изведе почетниот удар. Ако се погледне теоријата тоа е неправилно. Сепак, ова е ситуација која ВАР не ја опфаќа“, порача Марели.

Марели делеше правда во италијанската елита од 2005 до 2008 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дармијан потпиша за Болоња по заминувањето од Интер

Матео Дармијан официјално се приклучи на Болоња по неговото заминување од Интер, потпишува…