После натпреварот на сезоната, искрено признание на Иско.
Играчот на Реал Мадрид „ја отвоти душата“ за новинарите по трите постигнати гола против Аргентина (6:1) и укажа дека себе си во иднина не се гледа на „Бернабеу“, осбоено ако има ист третман каков што има сега..
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Во Мадрид немам самодовероба која е потребна на секој фудбалер. Овие натпревари за националниот тим ме враќаат во живот, гледам дека имам доверба на теренот. Само сакам да покажам дека сум добар играч. Селекторот на Шпанската репрезентација ми покажува довера со минутити кои ми ги дава. Можеби јас сум проблемот во Мадрид? Искрено, не знам како да ја заслужам довербата на Зидан“, изјави Иско веднаш по натпреварот и ги наполни шпанските весници.
Ова беше индиректен напад на Зидан кој на Иско му даде шанса на 40 натпревари, но често влегуваше од клупата. Постигна седум гола и забележа седум асистенции, но сепак не ја добива посакуванта минутажа. Прашањето е само како ќе влијае ова на Зидан и дали ќе му укаже поголема шанса или пак е на работ од разделбата. Сепак, тешко е да се очекува Реал да го продаде за „мала“ сума на пари. Вредноста на Иско на трансфер пазарот се проценува на 75 милиони евра.