Според пишувањата на реномираните шапански медиуми, Иско дефинитивно донел одлука да го напушти Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Плејмејкерот слабо добива минутажа оваа сезона кај Зинедин Зидан и тоа е клучниот фактор да донесе одлука за промена на средината.
Иско веќе донел конечна одлука и ги известил агентите, па можно е уште во јануари да го напушти „Сантиаго Бернабеу“ доколку пристигне примамлива понуда.
Шпанските медиуми јавуваат дека Реал ќе бара 50 милиони евра за шпанскиот репрезентативец, а следна дестинација на плејмејкерот најверојатно ќе биде Премиерлигата.
За Шпанецот интерес покажуваат Манчестер Сити и Челзи. Во моментов Лампард е поконкретен за разлика од Гвардиола и веќе спремил понуда за Иско.
Челзи ќе има голем буџет за трошење откако ФИФА им ја тргна забраната за трансфери, па се очекува Иско да биде првото јануарско засилување.