Дома Македонски спорт Ирците се потсетија како на „Градски“ им го срушивме сонот за Светско првенство (ФОТО+ВИДЕО)

Ирците се потсетија како на „Градски“ им го срушивме сонот за Светско првенство (ФОТО+ВИДЕО)

Денес ирски „Мирор“ објави една сторија со која ги потсети Ирците како ние им го срушивме сонот да играат на Светското првенство во 1998 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тогаш селекцијата на Ирска предводена од Мик Мекарти со наведнати глави си замина од Скопје.

„Кога си отидов дома спиев само еден час и се разбудив. Не можев да се помирам со поразот“, изјави Мекарти.

Ирска тогаш стигна до водство со голот на Меклаглин во осмата минута, но потоа Митко Стојковски со два гола обезбеди комплетен пресврт од 2:1. Ѓорѓи Христов во второто полувреме со еден убав гол зголеми на 3:1. Ирците до крајот на натпреварот постигнаа уште еден гол преку Кели за конечни 3:2.

ГОЛОВИТЕ ОД ТОЈ НАТПРЕВАР:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во продажба пуштени билетите за финалето од Купот на Македонија: Еве каде може да купите!

Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар …