Дома Останати Кошарка НБА Ирвинг најдобар на теренот на дебито, Далас славеше против Клиперс 🎥

Ирвинг најдобар на теренот на дебито, Далас славеше против Клиперс 🎥

На дебито на Кајри Ирвинг и без Лука Дончиќ во составот Далас го победи Клиперс со 110:104.

Ирвинг беше одличен и постигна 24 поени со кои беше најефикасен во победничкиот тим. Покрај 24 поени за 37 минути на паркетот Ирвинг додаде пет асистенции и запиша уште четири скока.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Хардвеј учествуваше во триумфот со 19 поени и шест асистенции, додека Реџи Булок постигна 18 поени и шест пати асистираше.

Бостон беше подобар од Филаделфија со 106:99 и така стигнаа до четвртата победа во последните пет натпревари. Селтикси беа предводени од Дерик Вајт со 19 поени, Малком Брогдон со 19.

Портланд дома беше поразен од Голден Стејт со 125:122, Демијан Лилард одигра фантастичен натпревар во кој постигна 33 поени и запиша уште 11 асистенции и 10 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Детроит 113:85

Вашингтон – Шарлот 118:104

Бостон – Филаделфија 106:99

Мајами – Индијана 116:111

Торонто – Сан Антонио 112:98

Хјустон – Сакраменто 128:130

Јута – Минесота 118:143

ЛА Клиперс – Далас 104:110

Портланд – Голден Стејт 125:122

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Доминација: Јокиќ направи нешто што не му успеало на никој друг во НБА

Српската НБА ѕвезда, Никола Јокиќ оствари уште едно големо достигнување во НБА лигата. Име…