Кошаркарите на Бруклин Нетс вчера на гости славеа против Сакраменто Кингс со 136:125.
Во победата на Нетси повторно одлични беа Кајри Ирвинг и Џејмс Харден кои го водеа својот тим до нова победа. Сакраменто немаше шанси во овој натпревар и после втората четвртина беше јасно дека тешко ќе дојде до победата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нетси уште тогаш направија двоцифрена предност и имаа скоро 20 поени предност во однос на Кингси. До крајот гостите рутински го приведоа натпреварот кон крај и славеа со 136:125.
Во дресот на Бруклин блескаше Џејмс Харден кој запиша трипл-дабл.Харден постигна 29 поени и додаде уште 14 асистенции и 13 скокови. Ирвинг беше поентерски фантастичен затоа што постигна дури 40 поени. Кај Сакраменто најефикасен беше Хасан Вајтсајд со 26 поени.
Треба да се истакне дека Лос Анџелес Клиперси славеа против Мајами со 125:118, додека Јута со 134:123 беше подобра од Филаделфија.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Индијана – Чикаго 112:120, Вашингтон – Хјустон 131:119, Њујорк – Атланта 123:112, Јута – Филаделфија 134:123, Голден Стејт – Кливленд 129:98, Клиперси – Мајами 125:118, Сакраменто – Бруклин 125:136.