Златан Ибрахимовиќ испрати порака до својот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед, Пол Погба.
Погба со Франција ја победи Хрватска со 4:2 во финалето на Светското првенство Русија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После натпреварот на големо се зборуваше дека Франција во финалето добила голема помош од главниот судија на натпреварот, Нестор Питана.
Поради таквата ситуација Ибрахимовиќ испрати порака до Погба.
„Остави ги нека зборуваат, натпреварот зборува сам за себе“, изјави Ибра изразувајќи честитки до Франција на освоениот трофеј.
Погба во финалето беше еден од стрелците покрај Мбапе и Гризман.
Let them talk but the game speaks for itself @paulpogba #pogcup #myapprentice #congratsfrance pic.twitter.com/CzM0Am7fxj
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) July 15, 2018