Иако Интер ќе игра во Истанбул стадионот „Џузепе Меаца“ в сабота ќе биде исполнет до последното место.
Интер и Манчестер Сити ќе водат битка за најпосакуваниот европски трофеј, а клубот одлучи овој натпревар да се следи на голем видео бим на „Џузепе Меаца“. Таквата одлука беше одлична вест за навивачите кои во еден ден ги купија сите 43.000 билети кои се пуштија во продажба.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Натпреварот ќе се следи на џиновски екран од 400 квадратни метри и секако сите веруваат дека на крајот ќе слават победа над „граѓаните“ кои сепак влегуваат како фаворити во овој дуел.