Главна цел на Интер оваа сезона е пласман во Топ 4 и обезбедување на Лигата на шампиони, а моменталната табела покажува дека „нероаѕурите“ се на добар пат.
Интер сака после неколку години да се врати во најелитното натпреварување, а тоа покрај прстиж ќе донесе и поголеми приходи во касата на миланскиот гигнат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијаските медиуми пренесуваат дека раководството спема четири големи засилувања за наредната сезона. Првото, Лаутаро Мартинез од Расинг е веќе договорено и за него Интер ќе плати околу 22 милиони евра.
Следна голема цел е ѕвездата на Лацио, Стефан де Вриј кој би требало да ја засили одбраната и да формира тандем заедно со Шкриниар.
Кампањата засилувања би требало да биде комплетирана со двајца офанзивни фудбалери. Станува збор за Верди од Болоња и Ерик Ламела од Тотенхем.
Италијанските медиуми не ја исклучуваат можноста „нероаѕурите“ да го продадат Мауро Икарди кој е на мета на многу клубови и има откупна клаузула од 110 милиони евра.