По ремито во првиот меч (0-0), Интер во реваншот го декласираше Милан со 3-0 и се пласираше во финалето на италијанскиот Куп.
Првите два гола беа постигнати од Лаутаро Мартинез во првото полувреме, додека точка на мечот стави Госенс. Италијанските медиуми пишуваат дека Интер урнал и рекорд во Купот, откако продал 74.508 блети, а притоа заработил 4.156.710 евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интер во финале ќе игра против подобриот од мечот меѓу Јувентус и Фиорентина, откако во првиот дуел славеше „Старата дама“ со 1-0. Интер последен пат го освои трофејот во Купот во 2011 година.