Дома Фудбал Италија Интер од влезници утре ќе ја оствари најголемата заработка во италијанскиот фудбал

Интер од влезници утре ќе ја оствари најголемата заработка во италијанскиот фудбал

Интер оваа сезона игра одлично во Серија, но пласманот во нокаут фазата од Лигата на шампионите се уште не им е обезбеден.

Во последното коло од групната фаза утре на „Џузепе Меаца“ Интер ќе ја дочека Барселона и со победа ќе обезбеди место во топ 16.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Нероаѕурите“ утре ќе имаат огромна поддршка од трибините. До сега се продадени 72.000 влезници и тоа на клубот од Милано ќе му донесе рекордна заработка за италијанскиот фудбал.

Интер од продажбата на влезниците ќе инкасира 6.5 милиони евра што ќе биде најголема заработка во историјата на италијанскиот фудбал од продажба на влезници.

„Нероаѕурите“ можеа да заработат и повеќе, но за тоа се виновни навивачите на Барселона бидејќи гостинскиот сектор не е во целост исполнет.

Инаку, на Интер утре би поминал и со пораз или нерешено, но во тој случај Борусија не треба да победи против Славија Прага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…