Дома Топ вести Интер носи уште една ѕвезда за НУЛА евра

Интер носи уште една ѕвезда за НУЛА евра

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал на лето готово сигурно ќе си замине од „Олд Трафорд“.

Договорот на 28-годишниот Марсијал со „црвените ѓаволи“ истекува на 30 јуни 2024 година, па Интер гледа шанса да го доведе без обештетување.

Марота веќе работи на трансферот и имал неколку средби со агентот на Марсијал, кој е отворен за преселба во Милано.

Интер е познат како експерт за трансфери на слободни агенти, па сака да ја победи конкуренцијата и да го доведе Французинот без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…