Дома Фудбал Италија Интер не простува, после Перишиќ суспендирани уште двајца!

Интер не простува, после Перишиќ суспендирани уште двајца!

Додека преговараат околу продажбата на Хрватот, уште двајца играчи се на тапет.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Перишиќ одлучи, не сака во ПСЖ, туку во Манчестер Јунајтед. Хрватот пред неколку месеци разговараше со Мурињо, сега контактите се активирани, но проблем е цената.

Фудбалерот беше казнет минатата недела бидејќи не се врати на време со семејството од Хрватска кога доби слободни денови, но денес ќе биде во конкуренција.

Привремениот тренер на Интер, Ромео Веки, за овој натпревар не ќе може да смета на Габигол и Жоао Марио. Тие двајца се суспендирани, односно отстранети од екипита бидејќи го напуштија клубот кога стана јасно дека нема да добијат шанса против Лацио.

Интер против Удинезе вечерва ќе настапи со комбиниран состав, неколку играчи кои се долго време во клубот како, Карицо и Родриго Паласио ќе добијат шанса да се простат од навивачите.

Освен нив, последениот натпревар за Интер би можеле да го одиграат Банега, Едер, Сантон, Бјабани…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерите и ракометарите на Вардар заеднички ќе ги слават титулите!

По завршувањето на саботниот дуел меѓу ФК Вардар и ФК Шкендија, „црвено-црните“ ќе ја стар…