Дома Фудбал Германија Интер му понуди на Баерн неверојатна размена

Интер му понуди на Баерн неверојатна размена

Раководството на Интер му понуди на минхенски Баерн прилично неверојатна размена на фудбалери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесува Sport Mediaset, челниците на италијанскиот великан му го понудиле на Баерн Иван Перишиќ, кој сега е на позајмица во Баерн и Марсело Брозовиќ, а во спротивен правец ги бараат Давид Алаба и Толисо.

Перишиќ игра добро во дресот на Баерн и клубот со задоволство би го задржал во своите редови. Исто така, покажаа интерес и за Брозовиќ, па тоа Нероаѕурите сакаат да го искористат.

Сепак, тешко е да се верува дека Баерн ќе се согласи на ваква размена. Едноставно делува како да сакаат малку повеќе и извесно е дека ќе добијат негативен одговор.

Баерн е подготвен да се откаже од Толисо, но не и од Алаба, со кој интензивно се водат преговори за продолжување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Халанд не може да биде капитен на Манчестер сити поради бизарно правило

Енцо Мареска објасни зошто не можеше да го именува Ерлинг Халанд за нов капитен. Астрономс…