Дома Топ вести Интер должи за Лукаку 50 милиони, Јунајтед го сака Лаутаро или Скриниар

Интер должи за Лукаку 50 милиони, Јунајтед го сака Лаутаро или Скриниар

Ромалу Лукаку летото во 2019 година пристигна во Интер од Манчестер Јунајтед за 75 милиони евра.

Меѓутоа, до денес Интер на клубот од „Олд Трафорд“ им платил само 25 милиони евра, па „нероаѕурите“ се должни уште цели 50 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со оглед на лошата финансиска ситуација на Интер, клубот ги пробил сите договорени рокови, а не ги исплатил ни договорените бонуси од една клаузула од договорот.

Манчестер Јунајтед им порачал на „нероаѕурите“ дека повеќе не смеат да каснат со исплатата и дека ако не се во можност да ги исплатат парите да најдат друг начин.

„Црвените ѓаволи“ му порачале на миланскиот клуб дека се заинтересирани за Милан Скриниар и Лаутаро Мартинез и дека Интер може да вклучи некој од нив во трансферот за да се израмни долгот.

Интер во моментов се наоѓа во тешка финансиска ситуација и клубот е во потрага по нови сопственици, а Лукаку не е единствениот неисплатен трансфер. Слична е ситуацијата и со Хакими кој пристигна од Реал Мадрид за 45 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…