Интер по вечерашниот прв натпревар од второто полуфинале во ЛШ обезбеди одлична предност со победата од 0:2 против градскиот ривал.
Натпреварот во кој Милан играше како домаќин беше решен во првите десет минути кога Интер ги постигна двата гола. Поранешниот играч на Милан, Хакан Чалханоглу изведе одличен корнер во осмата минута, а Џеко одлично се снајде во шеснаесетникот и со еден мајсторски потег ја смести топката во мрежата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Само две минути подоцна следуваше лошра реакција во одбраната на „росонерите“ по една контра на Интер, па Микхтаријан доби прилики да излезе „еден на еден“ со Мањан и не пропушти да реализира.
Имаше Милан неколку прилики, Тонали ја погоди стативата, додека за Интер гредата ја стресе Чалханоглу, сепак резултатот не се промени. Наредната недела на истиот стадион Интер ќе го има правото да биде домаќин и ќе брани одлична предност за финале во ЛШ.