Интер во дербито против Милан ќе носи специјални дресови со кои ќе испрати порака за поддршка од Кина.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Дербито помеѓу миланските тимови привлекува големо внимание од целиот свет. Со внимание ќе се следи и во Кина со оглед на тоа дека сопственик на „нероаѕурите“ е кинеската компанија „Сунинг“.
Интер преку своите дресови ќе искаже поддршка на Кина.
Во натпреварот на загревањето играчите на Интер ќе излезат со маица „Форца Кина“ , а поракта ќе биде: „Денес и секогаш, заедно како тим, Форца Вухан“. Тој транспарент ќе доминира на стадионот во недела.

Инаку, претседателот на Интер, Стивен Жанг донираше 300.000 маски за медицинска употреба во градот кој е најмногу погоден од епидемијата.