Интер е последен во групата Ф, а Дортмунд е лидер и како таков доаѓа во Милано. Ова е дерби на денот во Лигата на Шампиони и дефинитивно ќе биде неизвесен меч. Можеби ова е последна шанса за Интер кој ќе игра отворено, а пак Дортмунд секаде и секогаш ја игра својата офанзивна игра, па од таа гледна точка можеме да очекуваме и доста голови.
По двата порази, Интер се врати на победите
После двата порази во низа, кои впрочем беа и први порази на Интер сезонава, екипата славеше минатиот викенд во Серија А. Совладан беше Сасуоло, но многу потешко од очекувањата со 3:4. Интер беше убедлив во првиот дел кога водеше со 1:3. Поведе и со 1:4, но во последните 15 минути на површина излегоа неколку проблеми и тимот прими два гола. Сепак, мора да се напомене дека Интер иаше еден неверојатно тежок распоред. Славеше над Милан, Лацио и Сампдорија во серија, па дојдоа поразите од Барселона и Јувентус. Онаа репрезентативна пауза беше добредојдена за Конте да го ресетира тимот по тешките натпревари, а сега за екипата следуваат неколку, барем навидум лесни натпревари, секако после овој со Дортмунд.
Последна шанса за Интер
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Интер лошо ја стартуваше сезоната во Лигата на Шампиони. Она реми на домашен терен со тоталниот аутсајдер Славиа Прага може да се покаже како кобно за нивните амбиции во Европа. Гостувањето во Барселона пак беше уште едно разочарување. Не толку поради поразот, колку поради тоа што Интер водеше уште од 3-та минута, а прими гол во последните моменти од натпреварот. Многумина сметаат дека Конте со себе го донел и неговото проклетство. Тој секогаш бил при врвот или ги освојувал титулите со своите екипи во домашните шампионати, но секогаш во Европа разочарувал.
Овој меч сега е од голема важност за Интер. Доколку Интер загуби, повеќе нема што да бара во Лигата на Шампиони. Нешто слично ќе биде и со реми, но со победа целосно ќе се врати во игра.
Голем проблем за Конте е неиграњето на Сенси кој е повреден. Средината многу зависи од него, а Конте ја темелеше играта токму врз квалитетот на Сенси. Повреден е и Санчез како и Дамбросио кој играше стандардно на десната бековска позиција.
Дортмунд досега доста сигурен
Борусија Дортмунд е на врвен во групата Ф. Тие ја победија Славија Прага во последниот натпревар во Чешка со 0:2 и одиграа реми дома со Барселона. Но навистина требаше да ја совладаат Барселона, бидејќи беа многу подобар тим на теренот. За разлика од Интер, Борусија Дортмунд игра подобро во Европа, отколку дома. Тие се на четвртото место во Бундеслигата, но само со еден бод зад лидерот Борусија Менхенгладбах. Голем проблем за тимот е повредата на Пако Алкасер кој тргна одлично и на 6 меча постигна 5 гола, а овој меч ќе го пропушти и Геце. Сепак, Ројс се наоѓа во супер форма, а тој го постигна голот и против лидерот Менхенгладбах во победата минатиот викенд од 1:0.
Наш предлог:
Двете екипи да постигнат гол @ 1.66 во Bet365
За похрабрите:
Победа на Интер @ 2.25во Bet365