Англиската Премиer Лига полека влегува во самата завршница, а како ретко самиот финиш ни носи голема борба за титулата и место во Лигата на шампионите.
Манчестер Сити и Ливерпул водат борба за титулата, додека Арсенал, Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Челзи до крајот на сезоната ќе се борат за преостанатите две места во Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Остатокот од лигата ќе се бори за подобар пласман и подобра заработка од спонзорите, а ако ја исклучиме големата „шеторка“ и ја погледнеме табелата на останатите 14 тимови, изгледа навистина интересно.
Во меѓусебните дуели на останатите тимови во Премиер лигата најмногу бодови освои Вотфорд. Вкупно овој тим освои 43 бодови и прилично се пред останатите.
Пет бодови помалку (38), освои Евертон, а шест Лестер Сити и доколку ја нема големата шесторка Вотфорд би бил шампион на Англија.
Очекувано на дното на табелата се Хадерсфилд и Фулам кои уште сега се простија од Премиер лигата и тешко ќе го зачуваат премиерлигашкиот статус и во овој случај.
Треба да се напомене, дека во оваа табела исклучени се и натпреварите кои првите шест тима ги играле со овие екипи.
За живот во Премиер лигата ако земеме предвид дека и во овој случај би испаднале три екипи ќе се борат Саутемптон, Кардиф, Барли и Брајтон.