Долгот на белградскиот великан е голем. Изнесува нешто повеќе од седум милиони евра и ситуацијата во овој момент е алармантен.
„Долгот на Партизан инесува 7.186.150 евра. Преговараме со неколку компании и од исходот на тие преговори зависи дали ќе бидеме солвентни. Најголем проблем имаме со банката и доколку продолжат да имаат ваков однос кон нас, ќе не однесат во банкрот. Партизан не може да врати седум милиони за еден месец“, истакна Мијаиловиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Додава и дека банката на Звезда и излегла во пресрет.
„Понудив да откупам 400.000 евра долг на име на камати од милион и сто илјади евра. Не сакаа ниту да чујат. Можеби повеќе ја сакаат Звезда бидејќи ним за милион евра им дозволија да откупат 5 милиони. Не блокираа“, истакна првиот човек на црно-белите.