Дома Фудбал Италија Инспектори дошле на тренингот на Наполи, Гатузо збеснал: Ние не криеме ништо!

Инспектори дошле на тренингот на Наполи, Гатузо збеснал: Ние не криеме ништо!

Tренерот на Наполи, Џенаро Гатузо бил вознемирен од посетата на луѓе од државниот инспекторат.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Италијанскиот тим започна со тренинзи, а инспекторите ги посетуваат тренинг центрите со цел да видат дали се работи според протоколите и прописите кои се издадени од властите во Италија.

Но, инспекторите не поминале баш најдобро на тренингот на Наполи бидејќи тренерот на овој тим, Џенаро Гатузо не ги сметал за добредојдени.

„Ние немаме што да криеме, примерни сме и педантни, сега можете да си заминете“, налутено им порачал Гатузо на инспекторите.

Наполи минатата недела започна со индивидуални тренинзи, но од утре ќе бидат во мжност да работат во групи со цел да бидат подготвени за враќањето кое веројатно ќе се случи на 13 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Веќе се познати и деталите: Перез ги прифатил сите девет услови на Мурињо!

Веќе беше објавено дека Флорентино Перез ја донесол одлуката за тоа кој тренер ќе ја предв…