Дома Фудбал Италија Инсиње може во Барселона само преку мене мртов

Инсиње може во Барселона само преку мене мртов

Шпанските и италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека Барселона испратила понуда до Наполи дека сака да го донесе Лиренцо Инсиње.

Во сите шпекулации, навивачите на Каталонците беа изненадени што воопшто нивниот тим е заинтересиран за Инсиње. Барселона беше подготвена да плати 100 милиони евра за играчот на Наполи, но италијанскиот тим ја одби оваа понуда.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Претседателот на клубот од Наполи, Де Лаурентис денес изјави за италијанските медиуми дека е вистина дека Барса испратила понуда, но нема шанси Инсиње да се продаде таму. Него најмногу го налути што Мино Раиола се обиде да го одведе играчот на „Камп Ноу“.

„Раиола може да прави што сака, но ако има намера да го однесе Инсиње во Барселона тоа нема да се случи. Тој во Барселона може да отиде само преку мене мртов. Раиола е како лик од цртаните и навистина понекогаш ми е смешен“, истакна претседателот на „Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал спреми 80 милиони за Исак

Њукасл би можел да биде принуден да се раздели со ѕвездата Александер Исак за да го покрие…