Дома Фудбал Инсиње и Мертенс стрелаа за бодови на Наполи во Торино (ВИДЕО)

Инсиње и Мертенс стрелаа за бодови на Наполи во Торино (ВИДЕО)

Во натпреварот од петото коло во италијанската Серија А, Наполи како гостин го совлада Торино со резултат 1:3.

Наполитанците стигнаа до четвртата победа и сега имаат еднаков број на бодови со Јувентус кој вечерва игра на гостински терен против Фросиноне.

Составоот со кој започна Анчелоти успеа да стиге до предност уште во четвртата минута кога мрежата на домаќините ја погоди Инсиње.

Веќе во 20-тата минута Верди на асистенција од Мертенс постигнува гол за 2:0, тоа беше и резултатот со кој се замина на полувреме.

Торино во вториот дел постигна гол на надеж откако Белоти беше реализатор на најстрогата казна, но Инсиње со својот втор гол на натпреварот ја врати предноста од два гола за гостите.

Наполи следниот натпревар го игра веќе го среда кога на „Сан Паоло“ ќе гостува Парма.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски ќе се бори за трофеј во Тајланд: Таџикистан го елиминира Оман

Таџикистан под водство на Игор Ангеловски го совлада Оман со 1:0 и обезбеди финале на Кинг…