Човекот кој со Барселона освои се што може да се освои има прилика да направи трансфер во Кина, каде што би заработувал многу повеќе пари во Барса и би бил првата ѕвезда во тамошното првенство.
Шпанскиот репрезентативец, како што тврди „Mundo Deportivo“, планира да остане во својот клуб кој му понуди договор до крајот на кариерата. Со 33 трофеи, Иниеста се смета за еден од најдобрите шпански фудбалери досега. Од 2009. година, Иниеста беше дел од европската екипа на годината дури шест пати.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во 2012. година ја освои наградата за најдобар фудбалер во Европа, а 2012. и 2013. беше именуван за најдобар играч за врска во светот. 2010. година беше еден од последните три кандидати за Златната топка, но тогаш наградата ја освои неговиот соиграч од Барса, Меси.