Дома Фудбал Иниеста: Нема да се изненадам ако го видам Нејмар во Реал Мадрид!

Иниеста: Нема да се изненадам ако го видам Нејмар во Реал Мадрид!

Легендарнот плејмејкер на Барселона, Андрес Иниеста е во центарот на вниманието бидејќи не се знае дали ќе продолжи да игра на „Камп Ноу“ и следната сезона.

„Има многу работи што се случуваат во мојата глава, некои се посилни од другите. Остануваат неколку недели, во кои треба да ја донесам една од најважните одлуки во кариерата, да останам или да си заминам. Не е прашање на љубов или не, туку на тоа што го чувствувам“, изјави Иниеста.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ако заминам, тоа е затоа што не можам да дадам 100% како играч. Тоа ќе биде тешка одлука. Морам да ја разгледам добро.Не би заминал во некој клуб, што ќе игра во исто натпреварување со мојот клуб. Размислувам за многу работи, но сé уште не сум решил ништо“, додаде Шпанецот кој има понуда од Кина.

Иниеста ги прокоментира и медиумските шпекулации за трансфер на Нејмар во Реал Мадрид:

„Не би се изненадил ако Нејмар премине во Реал Мадрид. Знам дека Реал сака да ги привлече најдобрите во светот. Реал ќе биде подобар со Нејмар, бидејќи тој е меѓу најдобрите во светот“, смета Иниеста,

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо донел одлука: Го продава и вториот клуб кој го поседува

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо јасно ставил до знаење дека ф…