Дома Фудбал Иниеста најави заминување од Барселона и откри кој ќе го наследи

Иниеста најави заминување од Барселона и откри кој ќе го наследи

Андрес Иниеста, иконата на Барселона, ова лето по 22 години би можел да го напушти „Камп Ноу“. Оваа вест ја пренесе и официјалниот сајт на каталонскиот клуб.

Иниеста на крајот од оваа сезона ќе наполни 34 години, а со единствениот клуб за кого играше во кариерата освои се што можеше и подготвен е да го препушти местото на младите. Иниеста вчера зборуваше за својата иднина и откри дали планира да остане во Барса уште една сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се уште не сум 100% одлучен дали си заминувам. Доколку останам, ќе биде бидејќи се уште можам да дадам 200% на натпреварите. Ако си заминам, ќе биде затоа што не можам да дадам толку колку што клубот заслужува. Тоа е единствениот сомнеж кој го имам“, изјави Иниеста.

Иниеста е свесен дека следната сезона тешко дека ќе може да игра во првиот тим, а како свој можен наследник во Барса го гледа Филипе Кутињо.

„Ако си одам во друг клуб, нема никогаш да играм против Барселона“, додаде легендарниот Шпанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…