Дома Фудбал Иниеста за „телепатијата“ со Меси: И без гледање знам каде е!

Иниеста за „телепатијата“ со Меси: И без гледање знам каде е!

Aндрес Иниеста е еден од најдобрите фудбалери за врска на сите времиња, а сега откри зошто толку добро соработува со Лионел Меси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иниеста во интервју за шпанска „Марка“ истакна дека со Аргентинецот развил посебен однос бидејќи играат заедно од младинските денови.

Овие двајца фудбалери станаа еден од симболите на Барселона, а потврдата стигна пред неколку дена и тоа на најдоброто можно место, стадионот на Реал Мадрид.

„Се разбираме и без да се погледнеме. Играме заедно во текот на целата кариера. Го познавам перфектно и без да погледнам знам каде се наоѓа на теренот. Покрај нашите вродени квалитети, играњето со некого толку години го прави односот посебен“, изјави Иниеста.

„Не сум размислувал за заминување. Свесен сум дека сум во години во кои се повеќе ми е потребно време само за себе, со што би донел одлуки за иднината. Искрен сум и благодарен на овој клуб за се што ми овозможи“, истакна Иниеста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…