Дома Трансфер зона Иниеста доби БРУТАЛНА понуда: Нејмар и шпанскиот интернационалец застануваат рамо до рамо

Иниеста доби БРУТАЛНА понуда: Нејмар и шпанскиот интернационалец застануваат рамо до рамо

iniesta

Замина Чави, ќе замине и Иниеста еден ден. Иако е тешко да се замисли Дон Андрес во некој друг клуб освен во Барселона, изгледа дека времето на разделба полека се доближува.

Кинезите подготвија брутална понуда за шпанскиот ветеран која тешко се одбива. Тамошниот прволигаш, е сериозен во намерата Иниеста на крајот на сезоната или евентуално следната зима да премине во нивните редови. И подготви голема сума. Имено, кинескиот клуб понуди 70 милиони евра за две сезони, односно 35 милиони по сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тијанџин Куангџан е еден од новите кинески клубови, но и еден од најбогатите. Веќе во неколку причлики го потресе трансфер пазарот со Витсел, Модест и Пато.

Доколку Иниеста ја прифати оваа понуда, ќе стане третиот најплатен играч во светот. Апсолутен рекордер по тоа прашање е Меси со 43 милиони евра по сезона, Нејмар заработува 36 милиони евра, а Иниеста би застанал рамо до рамо со Бразилецот од ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона скапо ќе треба да плати ако сака да го отпушти Чави

Во медиумите од Шпанија по вчерашниот натпревар со Алмерија гласно се зборува дека во Барс…